Барселона го позајми својот голгетер на лутиот ривал – SPORTM.mk
Connect with us

Фудбал

Барселона го позајми својот голгетер на лутиот ривал

Фудбалерот на Барселона, Мунир Ел Хадади, повторно си замина од „Ноу Камп“, овој пат на позајмица во редовите на Севилја до крајот на сезоната.

За оваа позајмица тимот од Каталонија ќе земе нешто повеќе од еден милион евра. Инаку, Севилја сезонава е еден од најсериозните конкуренти на Барселона кога во прашање е шампионската титула во Ла Лига.

Мунир беше сензација во 2014 година кога дебитираше во првиот тим на Барса, а потоа и во шпанската репрезентација, но не успеа да се развие како што се очекуваше и не се избори за место во екипата.

И покрај тоа што имаше многу ѕвездени моменти, навивачите не му го забораваат промашувањето од дуелот против Реал Мадрид во ноември 2015 година на „Сантиаго Бернабе“ кога го спаси „кралскиот клуб“ од пораз од 5:0. Пике тогаш жестоко му се налути, како Барса да губи со 4:0.

Advertisement
Advertisement

More in Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com