Фудбал
Барселона го продаде за 40 милиони, сега Валверде го сака назад
На Барселона и се потребни освежувања во нападот, барем според тренерот Ернесто Валверде. Шпанските медиуми пишуваат дека токму тој на раководството им порачал да го вратат играчот кој минатата сезона беше дел од каталонскиот тим, Малком.
Тој е продаден за 40 милиони евра на Зенит, бидејќи проценките беа дека не ги оправдал очекувањата.
Самиот тој признал за медиумите дека постои можност за такво нешто.
-Примив пораки за потенцијалното враќање во Барса. Секогаш кога добивав шанса, мислам дека играв добро. Поради тоа мислам дека навивачите се уште ме ценат, вели 22-годишниот Малком.