Connect with us

Ракомет

Барселона го „растури“ Флензбург, блиску е до завршниот турнир

Ракометарите на Барселона одиграа одличен натпревар, победија на гостувањето кај Флензбург со 33:29 (18:13), па сега на свој паркет ги чека реванш со повеќе од реални изгледи за пласман на завршниот турнир и можност за одбрана на трофеј што го освоија минатата сезона.

Бенали со осум, Мем со шест и Гомез со пет гола поведоа на задачата на Барса, која ги контролираше случувањата на паркетот од првата до последната минута.

Кај Флензбург, Јакобсен со девет, Гола со шест и Јохансен со пет гола беа расположени за игра во нападот.

Барса водеше со 14:7 во првото полувреме, водеше со 23:16 во второто, но Флензбург успеа да дојде до 25:28. Сепак, момците од Шпанија го одбија овој налет, релативно мирно го приведоа мечот кон крајот, па се релативно мирни и го чекаат реваншот што ќе го одиграат пред своите гледачи на 19 мај.

Во останатите мечеви од четвртфиналето силите ќе ги одмерат Кил и ПСЖ, Веспрем и Алборг, односно Монпеље и Вива Киелце.

Facebook