Connect with us

Фудбал

Барселона и Манчестер Сити го следат играчот за врска на Интер

Минатото лето стигна во Интер и тоа на „мала врата“. Донесен е на позајмица од Сасуоло со право на откуп. Имаше одличен старт на сезоната, но сега го мачат повреди.

На 10 настапи има четири асистенции и три постигнати голови во Серие А.

Агентот на Стефано Сенси тврди дека Интер направил одлична работа со неговиот ангажман, бидејќи сега во игра се два големи клубови.

-Конте го сакаше во Интер и направија одлична работа што го анажираа толку брзо. Барселона и Манчестер Сити беа заинтересирани минатото лето, а интересот се уште трае, вели Бепе Рисо, менаџер на Сенси.

Интер има право на откуп за 25 милиони евра, а според сите информации тоа право ќе го искористи.