Фудбал
Барселона и официјално го отпиша Ракитиќ, тој веќе одбрал клуб
Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, во интервју за „Мундо Депортиво“ откри многу работи во врска со клубот, а една од нив е дека повеќе не сметаат на услугите на искусниот играч за врска Иван Ракитиќ.
-Ракитиќ знае дека постои спортска одлука која треба да ја разбере. Веќе е известен дека повеќе не е дел од нашите планови, изјави Французинот за „Мундо Депортиво“.
Информациите сека дека Милан, Атлетико Мадрид, Интер и Манчестер Јунајтед се интересираат за неговите услуги, но наводно тој има само една желба, а тоа е Јувентус. Меѓутоа, новиот клуб дефинитивно ќе биде познат во јануари.