Connect with us

Фудбал

Барселона има преддоговор со играч на Ајнтрахт

Барселона активно работи на потези за следниот преоден рок, а угледен германски медиум тврди дека Каталонците веќе договориле засилувања од Бундеслигата. Германскиот весник Sport1 објави дека Блауграната веќе има договор со дефанзивецот на Ајнтрахт, Еван Ндика, иако конечната одлука ќе биде донесена следниот месец.

Соработката на францускиот фудбалер и Ајнтрахт завршува во јуни, па Ндика ја користи опцијата да преговара со друг клуб и како слободен агент може да се пресели на Камп Ноу.

Ндика е важен играч во актуелниот состав на Ајнтрахт и веќе има 29 настапи за тимот оваа сезона.

Дефанзивецот дојде преку младинската академија на Оксер, но реши да се пресели во Германија набргу откако го имаше своето сениорско деби.