Connect with us

Фудбал

Барселона ја презема тренерот кој и го нанесе еден од најтешките порази?

Германски Билд пишува дека Барселона од следната сезона го посакува Ханси Флик (58) на клупата за резерви. Експертскиот новинар на Билд, Кристијан Фалк ексклузивно откри дека Барселона во Флик го гледа наследникот на Чави. Да потсетиме, Чави во саботата објави дека ја напушта Барселона на крајот од сезоната. Очигледно, Флик е голем миленик на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Флик моментално е слободен откако доби отказ од германската репрезентација.

Флик е и тренерот кој и го нанесе најтешкиот пораз на Барселона во модерното време. Во летото 2020 година, Баерн ја совлада Барселона со 8:2 во четврт-финалето на Лигата на шампионите и последователно го освои турнирот. Тоа беше првпат некој да даде осум гола против Барселона од 1946 година, кога беше поразена од Севиља со 8:0.

Во својата кариера, Флик ги водеше Викторија Баментал, Хофенхајм, Баерн и Германија. Извесен период работеше и како помошник тренер во Баерн и Германија. Во 2019 година Нико Ковач го донесе за помошник, а откако Ковач доби отказ, Флик го презеде тимот и ги освои сите трофеи.

Advertisement