Ракомет
Барселона ќе одигра три натпревари за 48 часа!
Пандемијата на коронавирусот остави свој белег во спортот, а некои клубови очекуваат исклучително густ распоред во наредниот период.
Програмата што ја чека ракометната екипа на Барселона по десет дена изолација е „луда“ затоа што тимот на Чави Пасквал ќе одигра три натпревари за 48 часа.
Во четврток од 18:45 часот играат во Лигата на шампионите против Алборг, следниот ден од 16:00 часот го пречекуваат Бенидорм во Асобал лигата.
Лудите 48 часа ќе бидат завршени во сабота кога Барселона од 17 часот е домаќин на Понтеведра во северозападна Шпанија.
Ако може да се каже за еден тим дека е во чекор да го издржи овој ритам, тоа е дефинитивно Барселона, со оглед на широкиот и исклучително квалитетен играчки кадар.