Connect with us

Ракомет

Барселона му одржа уште една ракометна лекција на Вардар

Македонкиот ракометен шампион Вардар, пак не успеа да ја освои „Блауграна“ откако убедливо загуби и во реваншот од Барселона, во осмото коло од Лигата на шампионите со 34:26 .

Македонскиот првак одигра добро прво полувреме и непрепознатливо лошо второ во кое дозволи целосна доминација на Барселона и на крај катастрофален пораз. За Вардар ова е трет пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, а за Барса седма победа во серија и зацврстена лидерска позиција.

Иван Чупиќ постигна пет, Кристијан Дисингер и Димитри Кисељев додадоа по четири гола, а Дејан Милосављев запиша 15 одбрани на голот на Вардар. Во победата на Барселона најефикасен беше Каспер Мортенсен со девет гола, на листата на стрелците се запишаа дури 13 ракометари на шпанскиот тим.
Во следното коло во Лигата на шампионите, Вардар на 24 ноември му гостува на Мешков Брест.