Connect with us

Фудбал

Барселона најде купувач за Кутињо, но дали цената ќе одговара?!

Барселона се обидува со сите сили да го продаде Фелипе Кутињо, но адекватни понуди засега нема. Минатото лето Каталонците успеаја да го позајмат Бразилецот на Баерн Минхен, но германскиот тим порача дека нема намера да го задржи.

На крајот се чини дека Барселона ќе мора да го продаде Кутињо на „попуст“. Како што јавуваат шпанските медиуми, наскоро на адреса на каталонскиот тим ќе пристигне понуда од Челзи, што е е изненадување бидејќи на позицијата на која игра тој лондонскиот тим има неколку млади талентирани фудбалери.

Наводно Челзи планира да понуди 80 милиони евра, а останува да се види дали Барселона ќе прифати, со оглед на тоа дека на Ливерпул му платија 120 милиони пред две години.