Connect with us

Фудбал

Барселона остана без Серхи Роберто и Андре Гомез

Барселона одигра 0:0 на гостувањето против Олимпијакос во Лигата на шампионите, но голем проблем за Валверде за повредите што ги заработија Серхи Роберто и Андре Гомез.

Десниот бек беше заменет уште во првиот дел, а по дополнителните медицински прегледи утвредено е кинење на мускулни влакна, па ќе мора да паузира наредните 5 недели.

Португалецот на почетокот на натбреварот го започна од клупата, влезе во вториот дел, но по крајот на истиот се пожалил на повреда на мускулот, по која ќе треба да паузира до крајот на месецот.