Connect with us

Фудбал

Барселона позајмува пари, за да троши за трансфери

Шпанскиот гигант Барселона обезбеди 140 милиони евра (158 милиони американски долари) во форма на заеми од два американски инвестициски фонда, информира „Ел Паис“.

Каталонците го презедоа овој потег за да го финансираат спортскиот бизнис или, поточно, да ги трошат при потреба во трансфер прозорецот следното лето.

Барселона ќе мора да ги надомести 140 милиони плус камати во текот на следните 5 години. Каматата е околу 1,8 отсто.

Едниот фонд, групацијата „Пруденшл Прикоа Капитал Груп“, може да пушти 90 милиони евра, а другиот, „Барингс“ – 50 милиони евра.

Во изминатата година, Барселона заврши со 914 милиони во приходи, но повеќе од 500 милиони од нив беа потрошени за плати на играчите.

Статутот на каталонскиот клуб спречува нето-долгот да надмине двапати од бруто-оперативната добивка, која во изминатата година изнесуваше 177 милиони евра.

Барселона увери дека 140-те милиони за кои станува збор нема да бидат искористени за реконструкција на „Камп Ноу“, кој ќе „проголта“ 600 милиони евра. Проектот нема да биде завршен до 2023 година.

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com