Connect with us

Фудбал

Барселона размислува да го раскине договорот со Дембеле

Лидерите во Барселона денеска се сретнаа за да разговараат за иднината на Усман Дембеле. Крилниот напаѓач остана играч на „каталонците“ по затворањето на зимскиот преоден рок во понеделникот вечерта и ова може да биде сериозен проблем за тимот.

Дембеле до сега не сакаше да потпише нов договор бидејќи не се согласуваше со финансиските услови кои му ги понуди „Камп Ноу“. Како што стојат работите во моментов, тој ќе си замине како слободен играч на лето. Всушност, тој сега е слободен да потпише прелиминарен договор со кој било клуб надвор од Шпанија.

Барса се обиде да се раздели со Дембеле во последен момент, но крилниот напаѓач го отфрли интересот на Челзи, Тотенхем и Пари Сен Жермен, велејќи дека сака да остане таму каде што е сега.

Мундо Депортиво во вторникот напиша дека шефовите на Барса денеска повторно се сретнале за да одлучат која е најдобрата опција во оваа ситуација.

Барса има три опции. Може да се обидат да го врзат Дембеле со нов договор, да го остават до крајот на сезоната кога ќе може да си замине без пари или сега да го ослободат со раскинување на договорот. Токму на последната опција изданието стои најелоквентно.

Дембеле (24) најверојатно нема да склучи договор за помалку пари отколку што моментално добива. Тој се соочува и со закана да не игра фудбал во следните шест месеци, бидејќи тренерот на Барса Чави Ернандез повеќе не го вклучува во групата на тимот. Последниот натпревар во кој учествуваше Дембеле беше во поразот со 2:3 од Реал Мадрид во 1/2-финалето на шпанскиот Суперкуп на 12 јануари.