Connect with us

Фудбал

Барселона се чува за „Ел Класико“, против Интер без Меси, Бускетс, Пике, Суарез…?!

Барселона веќе обезбеди пласман во Топ 16 и тоа како лидер во групата, па пред дуелите со Реал Сосиедад и „Ел Класико“ во домашното првенство се очекува тренерот Валверде да ги „помеша картите“.

На тоа се надеваат во Интер, на кој му е потребна победа против Каталонците за да се пласираат во осминафиналето.

Италијанските медиуми пишуваат дека во Милано ќе допатува резервниот тим и дека Валверде нема дилеми, односно дека му е се едно кој ќе биде вториот тим од оваа група кој ќе се пласира во следната рунда.

Шанси за настап би требало да добие Нето, потоа Муса Вагу и Фирпо ќе бидат на бочните позиции, Умтити и Тодибо како штопери, Видал, Ракитиќ и Аленја во средниот ред, Карлез Перез сигурно ќе ира, се чека инфо за Фати, а во нападот би требало да биде Гризман.

Значи, според медиумите Барселона во Милано ќе настапи без Пике, Меси, Суарез, Бускетс, Серхи Роберто, Алба, Семедо и Тер Штеген. Дали ова ќе му ја олесни задачата на Интер, останува да се види.

Натпреварот се игра утре вечер во Милано со почеток во 21:00 часот.