Connect with us

Фудбал

Барселона со економска инјекција

Барселона излезе со соопштение дека по состанокот на Управниот одбор, одобрено е обновување на две кредитни политики, кои истекуваат во месеците април, односно мај, кај банките „Кајксабанк“ и „Банко Сантандер“.

„Во случајот на полисата со „Кајксабанк“ која истекува на 30.04.2023 година, истата се продолжува до 30.04.2026 година со максимален износ од 17 милиони евра. Во однос на полисата на Банко де Сантандер, која истече на 15 мај 2023 година, исто така се продолжува за три години, до 15 мај 2026 година за сума од 32,5 милиони евра“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Барселона ја потврдува довербата што банкарските институции сè уште ја имаат во клубот и наведува дека двете операции овозможуваат „способност на клубот да ги извршува своите вообичаени операции“: „Одобрувањето на овие две финансиски операции ја зајакнува способноста на клубот да врши го заврши своето вообичаено работење и е пример за довербата што клубот продолжува да ја создава меѓу банкарските субјекти“.