Connect with us

Фудбал

Барселона со коментар: Затворот не е решение!

Фудбалскиот гигант Барселона се огласи со соопштение со нивен став во врска со одлуката за затворска казна девет од вкупо 13 политичари кои во 2017 година се залагаа за отцепување на Каталонија. Фудбалскиот клуб Барселона во соопштението вели дека затворот не е решение.

-На ист начин како што притворот пред судењето не можеше да го реши конфликтот, исто така нема да донесат никакво решение денешните казни, бидејќи затворот не е решение. Исклучиво политичкиот дијалог е решение на конфликтот во Каталонија, се наведува меѓудругото во соопштението.

Инаку, шпанскиот суд на затворска казна осуди девет од вкупно 13 политичари кои во 2017 година се залагаа во шпанскиот парламент за отцепување и независност на Каталонија.