Фудбал
Барселона успеа: Дембеле потпиша нов договор
Фудбалерот на Барселона Усмен Дембеле ќе остане во Барселона откако клубот успеал да се договори за продолжување на договорот што му истекува, тврди „Спорт“. Изданието додава дека „Каталонците“ успеале да го убедат Французинот да ја намали платата.
Се очекува Дембеле да потпише договор на пет сезони, кој официјално ќе биде објавен следната недела. Актуелниот договор на светскиот шампион истекува во јуни, што значи дека од 1 јануари би можел да преговара со други клубови за слободен трансфер.
Покрај тоа, поранешниот играч на Борусија Дортмунд сега се согласил да добива помалку пари, со оглед на финансиската криза на „Камп Ноу“.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Њукасл неодамна повторно стапил во контакт со агентите на Дембеле, но тие јасно ставиле до знаење дека тој одлучил да остане во Барселона.
? Acuerdo con Dembélé: Renovará la próxima semana
? El jugador firmará por cinco años y se rebaja su ficha
✍️ Albert Masnou https://t.co/s1eLYe6fUo
— Diario SPORT (@sport) December 23, 2021