Connect with us

Фудбал

Барселона во јануари ќе тргне по Дани Олмо

Како што пишува „Мундо Депортиво“, раководството на Барселона работи на трансферот на младиот офанзивец, Дани Олмо кој со успех игра во тимот на Лајпциг, а своето име го прослави носејќи го дресот на Динамо Загреб.

После заминувањето на Гризман, Барселона испратила понуда од 75 милиони евра за Олмо, но Лајпциг ја одбил.

Барселона  не се откажува и ќе се обиде да го донесе Шпанецот во јануари.

Од Барселона сега сакаат да го вратат во своите редови играчот кој наводно веќе се согласил да се врати на „Камп Ноу“, па „каталонците“ сега единствено ќе треба да се договорат со Лајпциг за негов трансфер во јануарскиот преоден рок.