Тајмаут
Бејл: Размислувам што ќе правам после фудбалот, не знам ништо за Brexit
Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл во разговор за „Телеграф“ зборуваше за својата иднина. Тој призна дека не е голем љубител на фудбалот, туку повеќе го сака голфот.
„Не размислував многу за иднината, но сега имам 30 години и морам да обрнам внимание на работите што ќе ги правам откако ќе го напуштам теренот. Јас се обидувам да ги поделам работите, не сакам само да седам на каучот.
„Да бидам искрен, не знам 99% од Brexit. Јас дури и не знам кој е премиер на Велика Британија. Не знам, затоа што не сум заинтересиран, гледам голф. Може да ви кажам кој е број еден во светот. Среќен сум во Мадрид со начинот на живот, културата, храната и времето. Моето семејство го сака тоа. Кога ќе го напуштам фудбалот, сакам да имам тивок живот, сакам да бидам на теренот за голф“, рече Бејл.