Фудбал
Бејл се врати на тренинзи, проблемот решен за Реал Мадрид?!
По пауза од шест недели Герет Бејл се врати на тренинзите во составот на Реал Мадрид.
Реал подолг период неможе да ја најде својата игра на теренот, забележа неколку порази и неколку нерешени резултати во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Тоа е добра вест за тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан, кoј сепак потенцираше дека нема да ризикува со негово прерано враќање на терените.
Со тоа Бејл нема да настапи на утрешниот дуел со Лас Палмас, а нема да биде дел ниту од репрезентацијата на Велс која ќе одигра натпревари со Франција и Панама.