Тајмаут
Бекам открива што Викторија не може да го поднесе и тоа го прави постојано
Дејвид и Викторија Бекам се еден од ретките познати парови кои успеале да преживеат до ден-денес.
Бекам ја запозна славната пејачка на Spice Girls далечната 1997 година на хуманитарен натпревар на Манчестер Јунајтед, па уште тогаш се гледаше хемијата меѓу нив двајца.
Набрзо беше потврдено дека се во љубовна врска и тогаш многумина велеа дека тоа нема да трае долго. Но, тие покажаа дека нивната љубов е исклучително силна бидејќи се заедно повеќе од 20 години и имаат четири деца.
Легендарниот англиски фудбалер неодамна зборуваше за врската со сопругата Викторија и изјави дека има многу работи кои меѓусебно се нервираат, но дека сфатиле дека се полни со разбирање.
Бекам ги насмеа сите кога реши да открие што е најголемото нешто што ја нервира неговата сопруга речиси 15 години.
„Не ѝ се допаѓа кога „чистам грло“ додека зборувам. Не сум го правел тоа секогаш, можеби во последните 15 години и тоа е навистина досадно, малку кашлам“, рече Бекам.