Connect with us

Фудбал

Бензема со гол се прости од дресот на Реал

Реал Мадрид ремизираше против Атлетик Билбао, а Карим Бензема постигна гол од белата точка на збогувањето со дресот на Реал.

Ова беше последен натпревар за Французинот, а го одигра на Сантијаго Бернабеу каде постигна многу голови.

Самиот натпревар го одиграа подобро гостите. Весга промаши пенал во 10. минута, а Сансет донесе заслужено водство во 49. минута.

Сепак, во 72. минута Бензема го искористи пеналот и на тој начин успеа да ги спречи гостите да го расипат неговото збогување со Мадрид.

Бензема ја напушти играта во 74. минута на овации.