Connect with us

Тајмаут

Бензема во прегратки на атрактивна Американка, што ли ќе каже неговата сопруга?!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема повеќе не крие дека jа љуби прекрасната Американка Џордан Озуна. Карим пред неколку месеци се поврза со оваа 32-годишна убавица. Сепак, немаше докази за нивната врска се до почетокот на јули кога беа видени заедно на јахта. Дека напаѓачот на кралскиот клуб е во прегратките на оваа убавица потврдија и на социјалните мрежи. Џордан објави фотографии како таа се гушка со веројатниот добитник на овогодинешната Златна топка.

На овој начин Џордан стави крај на сите шпекулации. Фотографијата ја сподели со своите 337.000 следбеници на Инстаграм и со тоа ја потврди врската со еден од најдобрите фудбалери во светот.

Карим, од друга страна, не се експонира. Очигледно напаѓачот повеќе сака јавно да не објавува со кого се гледа, но фотографиите кои атрактивната Американка ги објави говорат повеќе од 1000 зборови.

Џордан Озуна е американски модел. Таа има 32 години и уште од младоста се поврзува со светот на модата и манекенството. Често можеме да ја видиме на модните писти ширум светот.

View this post on Instagram

A post shared by Jordan (@jiordyn)

Претходно оваа убавица работеше на бројни работни места за да заработи за живот. Некогаш била келнерка во ноќен клуб во Лас Вегас, а моментално работи за некои од најпознатите модни агенции во светот.

Сигурно е интересно што Карим Бензема се уште е во брак со манекенката Кора Готје, со која го има синот Ибрахим, роден во 2017 година. Сепак, гласините за развод започнаа откако Карим беше виден на јахта со Џордан и очигледно неговиот брак е завршен.