Connect with us

Тајмаут

Берлускони на трибините го тешеше 54 години помладата девојка (ВИДЕО)

Берлускони, поранешниот сопственик на Милан, денес раководи со Монца и сака да ја донесе во Серија А, но игрите и резултатите како денешните, кога тимот беше поразен дома од Пиза со 2:1, дефинитивно ги намалуваат шансите да го видиме овој тим во друштвото на најдобрите италијански тимови.

По денешниот пораз Монца остана на петтото место во Серија Б, но ќе ја продолжи борбата за место во елитата.

Берлускони го следеше денешниот дуел од трибините во друштво на својата сакана, а италијанскиот новинар Танкреди Палмери на Твитер објави видео со интересен коментар дека Берлускони едноставно не старее, додека убавата Марта е крај него.

Што се однесува до госпоѓата која го тешела Берлускони, тоа е Марта Фасина, која е 54 години помлада од своето момче. 32-годишната девојка е во врска со Берлускони две години, а во Италија е позната по политичките активности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Fascina (@mf9milan)