Connect with us

Фудбал

Беше најтрофеен фудбалер во светот, а сега во затвор, почна судењето на Алвеш, се појавија први фотографии

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш за прв пат се појави на суд откако беше обвинет дека силувал девојка во тоалет во ноќен клуб во декември 2022 година. Алвеш е надвор од очите на јавноста 13 месеци, а денеска беа објавени неговите први фотографии по почетокот на судењето.

Тој се соочува со 12 години затвор за наводниот сексуален напад. Според обвиненијата, Алвеш сексуално нападнал девојка во ноќниот клуб Сатон во Барселона ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година. Од 20 јануари 2023 година, фудбалерот е во превентивен притвор, а условниот отпуст во неколку наврати му беше одбиен поради големиот ризик од бегство бидејќи Бразил нема договор за екстрадиција. Судењето почна утрово во 10 часот во судницата во Барселона. Првите кругови со 28 сведоци ќе се одржат денеска и утре, а првите заклучоци ќе бидат донесени утре.