Connect with us

Фудбал

Бешикташ не може да ги трпи грешките на Кариус, пред истекот на рокот го враќа во Ливерпул

Трагичарот од финалето на Лигата на шампионите во 2018 година би можел да се врати на „Енфилд“. Лорис Каријус го напушти Ливерпул веднаш по двете катастрофални греши на мечот против Реал Мадрид во финалето, кој „Кралевите“ го добија со 3:1.

Ливерпул тогаш реши да не се „коцка“ со позајмени голмани, го купија Алисон Бекер, а Германецот го испратија во Турција.

Бешикташ се јави и го ангажираше на двегодишна позајмица. Каријус на почетокот се мачеше, потоа почна добро да брани, но сега пак има проблеми.

Како што пренесуваат турските медиуми, Бешикташ нема да го откупи договорот на Каријус, и подготвени се да го вратат во Ливерпул шест месеци пред да истече договорениот период. Од јануари, германскиот интернационалец пак ќе биде дел од Ливерпул.

Сепак, медиумите во Англија велат дека „Црвените“ ќе инсистираат Кариус да остане во Истанбул, според претходно договореното.

На 11 меча сезонава, Кариус прими 16 голови, а на само четири натпревари успеал да ја сочува својата мрежа.