Connect with us

Фудбал

Бесни поради поразот, навивачите го начекаа селекторот во хотел и сакаа да го тепаат (ВИДЕО)

Вистински скандал се случи на Африканскиот куп на нации. Имено, селекцијата на Гана, неочекувано загуби со 2:1 од аутсајдерот Зеленортска република, па навивачите незадоволни, го начекаа селекторот Крис Хјутон во хотел и сакаа да се пресметаат со него. Еден навивач дури и се обиде да го удри, но беше спречен во намерата. Секако, дека интервенирла и полицијата, па навивачот на Гана е уапсен. Гана и Египет се фаворити во групата, а ниту една селекција не успеа да победи во првиот меч. Гана загуби од Зеленортска република со 2:1, додека Египет одигра нерешено со Мозамбик.