Ракомет
Бесно второ полувреме на Германците, Белорусите не го издржаа силниот ритам
По првото полувреме Германија беше во негатива, но во продолжение ја оправда улогата на фаворит.
Натпреварувањето започна и во групата Д на Европското првенство во ракомет, а во првиот натпревар од оваа група Германија во Братислава ја совлада Белорусија со 33:29.
Белорусите извонредно го започнаа натпреварот, по десет минути водеа со 7:2, а Германците потоа успеаја да фатат ритам и да направат пресврт од 11:10 во своја полза.
Сепак, до крајот на првото полувреме Белорусите успеаја да ја вратат минималната предност и во останатите 30 минути резултатот беше 18:17 за Белорусија.
Германците заостанаа уште неколку минути, но потоа направија серија од 4:0 за водство од 23:20 и не ја загубија предноста која до крајот беше меѓу два и пет гола разлика.
Хефнер и Шилер со по осум гола ги предводеа Германците, а кај Белорусија најефикасен беше Ваилупау со седум гола.
Во оваа група вечерва се среќаваат Австрија и Полска.