Connect with us

Ракомет

Без Лазаров, Стоилов, Миркуловски толку…Убедлив пораз на подмладената Македонија од Данска

Светскиот првак Данска се одмазди на Македонија за поразот од пред три дена во Скопје. Разиграните домаќини беа премоќни за подмладената Македонија па славеа со убедливи 37:21. Без Кире Лазаров, Филип Миркуловски, кои за разлика од Скопје сега ја водеа репрезентацијата од клупата, не настапија, без исто така Столе Стоилов се чини толку се силите. Македонија настапи со видно изменет состав во однос на оној во Скопје. Добија шанса неколку млади играчи како што се Мартин Серафимов, Емилијан Ѓоргоски, Михаил Аларов.

Најпрецизен во нашиот табор беше Кузмановски со пет гола, а по три постигнаа Пешевски и Велковски. Кај Данците се истакна Гидсел со седум, а пет погодоци запиша Тофт Хансен. Уште два меча во квалификациите има Македонија, во април против Финска на гости и мај против Швајцарија дома. Данска и Македонија имаат по 6 бодови, Швајцарија 4, Финска е без бод.