Connect with us

Ракомет

Без победник во Битола, по дербито Е. Пелистер – Вардар

Вардар беше подобар во првото полувреме, Пелистер во второто за реми од 27:27 на дербито во Битола, резултат кој им одговара на црвено-црните.

„Црвено-црните“ во стартните 30 минути одиграа без грешка, а предноста дојде благодарение на петте одбрани на Ристовски, како и одличните игри на Анте Гаџа и Филип Талески, но и фантастичната дефанзива.

Ова е исход за кој можат да жалат и двата тима. „Вардарци“ бидејќи водеа речиси до самиот крај, а „пелистерци“ затоа што имаа „плус еден“ и напад на триесетина секунди до крајот, но многу лесно ја загубија топката и му овозможија на Тимур Дибиров од пенал да донесе голем бод за „црвено-црните“.

Вардар и Пелистер се бодовно израмнети, но ова реми носи значителна предност за црвено-црните кои ако го добијат пролетниот дуел во „Јане Сандански“ и не кикснат на друго место ќе бидат шампиони поради подобар меѓусебен дуел од Пелистерци.