Кошарка
БИБЛ: Академик го победи Кожув со +31 разлика

Пловдив, 12 декември 2018 (МИА) – Кошаркарскиот клуб Кожув доживеа нов пораз во БИБЛ лигата од Академик Бултекс во Пловдив, откако беа убедливо совладани со 88-57 (52-34).
Домашните кошаркари уште од стартот го поставија темпото и по првата четвртина имаа водство од +13 (27-14) и до крајот само ја зголемуваа разликата.
Васил Банчев постигна 20 поени за победничкиот тим, додека кај Кожув најрасположен беше Робер Луис Жуниор со 12 поени.
По поразот, тимот од Гевгелија е на четвртото место на табелата во регионалното натпреварување со скор 1-4 и шест освоени бода. Академик се на врвот со три победи од шест натпревари и девет бода, но и со два натпревари повеќе од второпласираниот Берое.