Фудбал
Битката за врвот во Серија А заврши без победник
Нерешено 0:0 заврши дерби натпреварот од 9.коло во Италијанското фудбалско првенство одигран синоќа во Неапол меѓу Наполи и Рома.
Со ремито, Наполи ја прекина победничката серија која траеше осум средби.
Деветта победа по ред за „Наполитанците“ спречи голманот на Интер, Сами Хандановиќ кој во последната минута му одбрани заицер на Дрис Мертенс.
По нерешениот исход Наполи е на врвот на табелата во Серија А со 25 бода, Интер е втор со 23.