Ракомет
Битолчани горди на Пелистер, совладан АЕК среде Битола
Еурофарм Пелистер ја оствари целта. АЕК Атина „изгоре“ во битолскиот пекол (30-19) и со втората победа во меѓусебните пресметки над овој ривал сезонава битолчани како второпласирани во групата патуваат во следната фаза во Европската лига на ЕХФ, па Еурофарм Пелистер закажа дуел во осминафиналето со Нексе Нашице.
Стипе Мандалиниќ со седум голови беше најефикасен, а го следеа Табадоа и Божиќ- Павлетиќ со по шест постигнати голови.
Одличен на голот беше Мартин Секељ кој собра 15 одбрани од кои одбранети беа три седмерци.
Првиот осминафинален натпревар меѓу Пелистер и Нексе ќе се одигра на 29 март во Нашице, а реваншот е седум дена подоцна во Битола.