Ракомет
Битолско „Ел Класико“, Еурофарм Пелистер ја отвори сезоната со триумф
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска, новата сезона ја започнаа со победа, славеа во битолското „Ел Класико“, против Еурофарм Пелистер 2 со 29:24.
Еурофарм Пелистер уште од самиот почеток на натпреварот ја презеде контролата на играта, па стигнаа до предност од +4 (9:5), но Еурофарм Пелистер 2 оствари прекрасна серија со која намалија на 10:9, но потоа слеуваше брзо враќање во игра на избраниците на Жељко Бабиќ, па на полувреме се замина со резултат од 13:10.

Еурофарм Пелистер второто полувреме го продолжи со исте интензитет, највисоката предност која ја забележаа беше +6.

Најефикасни од избраниците Бабиќ беа: Божиќ Павлетиќ, Обрадовиќ и Мандалиниќ со по пет гола, а триапти погоди Периќ.
Во екипата на Еурофарм Пелистер 2 прв стрелец беше Павле Петровиќ со четири гола.