Connect with us

Ракомет

Бламажа или? Една репрезентација си замина од СП во ракомет во Египет

Репрезентацијата на Капе Верде со само еден одигран натпревар неславно го заврши настапот на СП 2021 во Египет. Зеленортски острови, ја информираше ИХФ дека тие не се во можност да продолжат со настапот на Мундијалот.

Оваа африканска селекција се соочи со огромни проблеми со коронавирусот, тие вчера службено го загубија натпреварот со Германија, со оглед на тоа што немаа доволен број ракометари, само девет.