Најефикасен во победничкиот тим беше Гаидис до 21 поен, а по еден помалку постигнаа Главчев и Мијатовиќ.
Кошарка
Блокотехна гази се пред себе во БИБЛ лигата
Кошаркарите на Блокотехна ја продолжија серијата победи во БИБЛ лигата, откако славеа и на третиот натпревар во ова натпреварување. Тие во третото коло беа подобри на домашен терен од Башкими со 96:70.
Сосема очекувано, гостинот од Косово не беше достоен ривал за избраниците на Марјан Илиевски, кои во голем стил ја завршија оваа 2018 година, на чело на табелата во домашното првенство со скор од 9-1 и максимални 3-0 во новата сезона од БИБЛ.