Бо конечно има нов клуб!

Тимот на Фуенлабрада ќе биде нов дом за Лестер Бо Мекејлеб – кошаркарот кој ги освои симпатиите на македонската публика.

Мекејлеб, по дресот на Партизан, настапуваше уште и за екипите на Сиена, Фенербахче, Баерн Минхен, Лимож, Гран Канарија и Сарагоса од која пристигнува во Фуенлабрада. Овој 34-годишен американски плејмејкер сигурно има уште што да покаже, па ќе биде квалитетно засилување за шпанскиот тим.

-текстот продолжува по рекламата-