Connect with us

Тајмаут

Бодри го Вардар и искористи попуст од 20 отсто

Сите што денеска ќе бидат во салата во СЦ „Јане Сандански“ и ќе ги гледаат натпреварите на машката и женската екипа на Вардар во лигата на шампионите ќе можат да користат и 20 отсто попуст.

Попустот се однесува на целото мени на Ресторан Руссиа, Игротека Бајка и Кафе Бар Теннис Парк. Истиот ќе може да се искористи два часа пред натпреварот, за време на натпреварот и плус уште два часа по завршување на натпреварот.

За да може да се искористи попустот потребно е да се покаже билет за истиот натпревар (поединечен, сезонски или Вардар ПАС).

Денеска, петок 17 ноември од 19 часот се игра натпреварот од женската лига на шампионите меѓу Вардар и Турингер.

Утре, сабота 18 ноември од 17,30 часот е натпреварот од машката лига на шампионите меѓу Вардар и Рајн Некар.