Кошарка
Богдановиќ ја игра најдобрата партија во кариерата
Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ ја имаше партијата на кариерата откако пристигна во НБА лигата, донесувајќи за Сакраменто нова драматична победа од 107-106 против Чикаго.
Откако претходно имаше поени за триумф и над шампионот Голден стејт, сега Богдановиќ им пресуди и на Булси од линијата за слободни фрлања. За 30 минути игра постигна 19 поени, дополнети и со 4 асистенции, три скока и украдена топка.