Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Ракомет

„Болница“ во РК Вардар, 11 ракометари позитивни на Ковид 19

Двета меча против ПСЖ и Порто се одложени поради присуство на коронавирус во тимот на РК Вардар. Сепак, наместо нормализирање на состојбата, бројот на заразени во таборот на „црвено-црните“ се зголемува. Според последните информации, 11 ракометари и физиотерапевтот се позитивни на Ковид 19. Ова значи дека 15 дена РК Вардар не може да биде активен, ќе мора сите да одат во изолација, што значи дека 2020 нема повеќе натпревари.

-Дома сме и во изолација сме. Ситуацијата не е најдобра. Имаме 11 позитивни ракометари и еден позитивен од физиотерапевтите. Последниот ракометар кој имаше позитивен тест е од денеска, изјави тренерот на РК Вардар, Стевче Алушовски за „24 ракомет“.

loading...

Facebook