Connect with us

Ракомет

„Бомба“ на „Л’Екип“: Кире Лазаров нема да се пензионира

Published

on

Македонскиот најдобар ракометар, а сега играч-селектор на ракометната репрезентација не планира да се пензионира следната година, како што најавуваше. Веста ја објави угледниот француски весник „Л’Екип“ кој тврди дека Лазаров (40) сака да игра уште една сезона, со цел да остане во форма за да му помогне на национаниот тим на Македонија на ЕП во 2022 година.

„Л Екип“ пишува дека е можно да го продолжи договорот со Нант, а секако ако не се случи тоа можно е да биде во некој друг клуб. Лазаров во Нант е од 2017-та година, а дојде од шпанскиот гигант Барселона.

 

Facebook