Connect with us

Фудбал

„Бомба“ на „Маракана“, на Црвена Звезда понуден освојувач на Лигата на шампионите

Со доаѓањето на легендата Дејан Станковиќ на клупата на Црвена Звезда, многу познати имиња почнаа да се поврзуваат со овој тим. Пред неколку дена се шпекулираше дека во јануари можно е да пристигне Марио Балотели. Откако самиот се огласи и изјави дека неговиот план е да остане во Серие А, сега нова информација.

Медиумите пишуваат дека на Црвена Звезда од страна на менаџерите е понуден Џон Оби Микел. Некогашниот фудбалер на Челзи, со кој ја освои Лигата на шампионите, во моментов настапува во турскиот Трабзон,. Има 32 години, а доколку се случи негов трансфер во Белград, сигурно дека Црвена Звезда ќе добие одлично засилување.