Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Хрватска, Иван Перишиќ засилување за Хајдук

Познатиот хрватски репрезентативец Иван Перишиќ се враќа во Хајдук, потврди угледниот стручњак за трансфери Фабрицио Романо, но и бројни медиуми во Хрватска.

Перишиќ (34) зимава се враќа во Хајдук од Тотенхем, клуб во кој не играше најдобро, делумно поради слабата форма по пристигнувањето, делумно поради тешката повреда со која се здоби минатата година.

Но Хајдук ќе биде големо засилување. Навивачите на сплитскиот клуб со години го нарекуваат со зборовите:

„Иван, време е“, а се чини дека конечно дојде „времето“ и крилниот напаѓач зимава ќе се пресели во Пољуд. Романо вечерва потврди дека Хајдук и Тотенхем моментално се во завршна фаза од преговорите и дека лондонскиот клуб ќе ја прифати понудата, за што разговарал и тренерот на Спарс, Анже Постекоглу, кој на прес-конференција пред неколку дена потврди дека Перишиќ повеќе нема да игра за Тотенхем.