Connect with us

Други спортови

Бомба од САД! Мајк Тајсон и Џејк Пол ќе боксуваат во јули

Од Соединетите Американски Држави пред неколку моменти пристигна бомбастичната вест: Договорен е боксерски меч во кој во јули ќе се сретнат Мајк Тајсон и Џејк Пол. Боксерскиот меч меѓу Тајсон и Пол ќе се одржи на НФЛ стадионот Далас Каубојс, кој собира 80.000 гледачи и се очекува да биде преполн. Борбата на 20 јули во Арлингтон ја организира Нетфликс, а според првите проекции се очекува и двајцата борци да поделат најмалку 100 милиони долари.


Тајсон (56) е поранешен светски шампион и најпознат нокаут артист во историјата. Во својата професионална кариера од 1985 до 2005 година имаше учинок од 50 победи и 6 порази, а во рингот се врати во 2020 година кога неговата борба против другата легенда Рој Џонс беше прогласена за нерешена по осум кола. Пол (27) се прослави како Јутјубер, а од 2020 година е во професионални боксерски борби. На десет меча забележа девет победи, а единствениот пораз му го нанесе Томи Фјури.