Connect with us

Фудбал

„Бомба“ во Челзи: Легендата се враќа во клубот!

Веќе се поизвесно е дека Маурицио Сари иако има уште две години договор со Челзи, ова лет ќе го напушта тимот од „Стенфорд Бриџ“.

Италијанскиот стратег кариерата ќе ја продолжи како предводник во својата татковина каде што ќе седне на клупата на Јувентус.

Замената за Сари според англиските медиуми веќе е најдена, а тоа е ни помалку ни повеќе – легендата Френк Лампард.

Миленикот на навивачите на Челзи сезонава имаше одличен ефект на на Дерби с кого стигна до финалниот плејоф, со што покажа дека има големи тренерски квалитети.

Раководството на Челзи има намера да му даде можност на Лампард да го предводи тимот, а оваа одлука со сигурнос со голема доза на среќа и воодушевување ќе ја примат фановите на тимот од Лондон.

Извор: Sportclub.mk