Connect with us

Кошарка

Бомба во НБА – Трејдуван Кевин Дурент

По големиот трејд на Лејкерс, Јута и Минесота, во кој беа вклучени осум кошаркари, добивме и договор на годината – бидејќи Кевин Дурент го напушти Бруклин и стана нов кошаркар на Феникс. Дурент беше незадоволен од Нетс, а бараше трејд како Ирвинг кој заврши во Далас, па Санс брзо реагираа и во своите редови го доведоа еден од најдобрите светски кошаркари. А тоа значително ќе се одрази на рамнотежата на силите на Западот, каде Денвер се чинеше дека се лидери за прво место.

Феникс мораше многу да се откаже , па во спротивна насока во Нетс ги испрати Мајкл Бриџис, Кам Џонсон, Џе Краудер, па дури и четири пика од првата рунда (2023, 2025, 2027 и 2029 година).  Исто така, во пакетот со Дурент, во Феникс пристигна и Ти Џеј Ворен.

Дурент има уште четири години од договор вреден околу 195.000.000 долари и беше многу незадоволен од Нетси кои не можеа да го градат тимот што го очекуваше – да се натпреварува за шампионски прстен – иако во еден момент покрај него играа Харден и Ирвинг. Тогаш се зборуваше за „дрим-тимот“, сепак немаше хемија, па никако не можеа да ги повторат игрите или резултатите што на „дрим-тимот“ од Мајами со Џејмс, Ален, Вејд и Бош.

Да потсетиме, Дурент пристигна во Бруклин во 2019 година од Голден Стејт, но ја пропушти целата прва сезона поради тешка повреда. Потоа одигра 35, па 55 натпревари во следната сезона, а иако оваа година (до средината на јануари) не беше оптоварен со повреди, не изгледаше како играч кој игра со полн потенцијал.

Во моментов Санс се на петтото место на Западот со рекорд од 30-26, додека врвот го држи Денвер (38-17).