Connect with us

Тајмаут

БОМБАСТИЧНО: Ѕвездата на ПСЖ на црвениот тепих се прошета со 12 години постарата сопруга (ФОТО)

Ашраф Хакими привлече огромно внимание кога прошета на црвениот тепих со својата 12-години постара сопруга.

Заљубениот пар се појави на премиера на филм на Канскиот филмски фестивал, а многумина веднаш ја забележаа атрактивната бринета која носеше фустан кој повеќе откриваше отколку што покрива.

Иако дефанзивецот на ПСЖ важи за голем заводник, тој долго време е верен само на една жена – 12 години постарата актерка Хиби Абук.

Светската слава ја стекна глумејќи во разни шпански серии и често се наоѓа на листата на најубави актерки во светот.

Како и Ашраф,  Хиба е родена во Мадрид, но нејзините корени се исто така од Африка (туниско-либиско потекло).

Дипломирала арапска филологија, а освен шпански и арапски, течно зборува италијански, англиски и француски јазик.

Тие двајца се и родители на две момчиња.