Connect with us

Фудбал

Бонучи „случајно“ го пропушта дуелот со Јувентус

Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи, нема да може да настапи на наредните две средби поради црвениот картон што го доби на неделниот натпревар во Серија А со Џенова.

Дефанзивецот на Милан во еден воздушен дуел со лакотот го удри противничкиот фудбалер Алесандро Роси поради што тој почна да крвави.

Бонучи доби црвен картон по консултациите помеѓу главниот судија и помошниците и прегледувањето на снимката.

Милан од 25. минута остана со играч помалку на теренот и не успеа да забележи победа над Џенова. Дуелот на „Сан Сиро“ заврши без голови.

„Росонерите“ по девет натпревари во Серија А се наоѓаат на 11. место со 13 бода, 12 помалку од лидерот Наполи.

Поради казната, Бонучи ќе ги пропушти натпреварите со Киево во Верона и со Јувентус во Милано.

Реклама

Facebook

Реклама