Connect with us

Тајмаут

Борко Ристовски влегува во политика, ќе го советува Христијан Мицкоски

Славниот македонски репрезентативен голман Борко Ристовски влегува во политиката.Ќе му биде стратешки советник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој е еден од 16-те советници кои ги соопшти денеска Мицкоски, кои ќе го советуваат како што вели за обнова на Македонија.

-Стратешки соработник за прашања од областа на спортот, Борко Ристовски репрезентативец на Република Македонија во ракомет истакнат мислам дека доволно јавноста во Македонија е запознаен со неговите достигнувања и успеси и на ниво на клупски натпреварувања и на ниво на државни натпреварувања, изјави Мицкоски.

Се огласи самиот Ристовски, кој порача дека му е чест и задоволство да биде дел од тимот на Христијан Мицкоски.