Connect with us

Ракомет

Борозан: „Не очекува тежок меч, но ние сме поквалитетен тим“

Вардар викендов повторно е на гостување во ЛШ, овојпат кај ППД Загреб со надеж да се продолжи добрата серија во која освојуваме бодови и победуваме. За двете екипи ова ќе биде трета средба сезонава. Веќе двапати ППД загреб гостуваше во Скопје, во ЛШ и еднаш во СЕХА Газпром лигата.

Сезонава Вардар и ППД Загреб одиграа две средби, по една во ЛШ и во СЕХА лигата. Екипите се познаваат меѓусебе, и тешко е да се смени нешто драстично во играта за толку кратко време. Но, Вардар заминува подготвен на сѐ.

„Меѓусебе добро се познаваме со Загреб. Верувам дека ќе играат повеќе 7 на 6, и така ќе се обидуваат да имаат предност. Ние сезонава двапати победивме, рутински. Сега не очекува исто така тежок меч. Очекувам екипата да игра можеби и поагресивно во одбрана, со цел да нѐ сопре. Но, ние сме поквалитетни“, вели Вуко Борозан.